Европскиот првак Фенербахче во дербито на осмото коло во Евролигата славеше во Москва над ЦСКА 93:95 (16:27, 25:19, 22:15, 20:22, 10:12).
Дуелот на екипите кои заедно со Реал и Олимпијакос се меѓу топ фаворитите за титулата оваа сеозна, понуди врвна кошарка и драма во финишот на регуларниот дел, а потоа и во продолжението.
Гостите од Истанбул доминираа на почетокот на мечот и во втората четвртина ситигнаа до предност од 18 поеи (21:39). Блескаше во овој дел од мечот Јан Весели кој постигна 17 поени и за кого високите играчи на ЦСКА немаа решение. Чехот во овој дел од натпреварот имаше едно спектакуларно забивање.
Dunk of the season??@JanVesely24 at the rim ?? #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/1xm9eR21c9
— EuroLeague (@EuroLeague) November 17, 2017
ЦСКА одговори со серија од 11:0, а до крајот на полувремето ја намали разлиата на пет поени (41:46).
Добрата игра од финишот на втората четвртина „армејците“ ја пренесоа и во третиот период кога успеаја да стигнат до предност.
Фенер повоторно целосно го контролираше мечот во решавачкиот период, на нешто повеќе од една минута европскиот првак иамше предност од седум поени, но ЦСКА на волшебен начин се врати во мечот.
Серхио Родригез на 15 секунди до крајот постигна тројка со фаул и го израмни резултатот на 83:83.
Продолжението им припадна на гостите која имаа пет поени предност, но ЦСКА одново се врати во игра, а при резултат 93:93, Бред Вонамејкер шутираше за три поени, а одбиената топка со звукот на сирената ја врати Николо Мели.
ЦСКА по овој пораз има скор 6-2, а Фенербахче е на 5-3.
Играч на мечот беше Весели со 29 поени, Вонамејкер постигна 13, а Мели 11. Кај ЦСКА се истакнаа Родригез со 20 и Де Коло со 18 поени.