Крилото на Атланта Хокс, Џон Колинс, со спектакуларно забивање го обележа натпреварот „Ѕвезди во подем“ со кој започна Ол-Стар викендот во Шарлот.
Колинс во една акција на тимот на САД, ја заби топката во кошот откако во се вртеше за 360 степени.
Колинс во 2017 година беше 19 пик на драфтот. Тој вечерва ќе учествува во натпреварот во забивање, каде конкуренти ќе му бидат Хамиду Диало (Оклахома), Денис Смит Јуниор (Њујорк) и Мајлс Бриџис (Шарлот).
JOHN COLLINS… WITH AUTHORITY! ??️
Trae sets him up for the @ATLHawks connection.#MTNDEWICERisingStars on @NBAonTNT pic.twitter.com/vFWWzd0dqy
— NBA (@NBA) February 16, 2019