Иако се уште не е завршено големото овосезонско НБА финале меѓу Милвоки и Феникс, обложувалниците веќе почнаа со проценките за тоа кој кошаркар ќе ја добие титулата МВП и тоа во наредната сезона која започнува во октомври годинава.
Најголеми шанси му се даваат на Лука Дончиќ пред Џоел Ембид и Кевин Дурент. Следуваат Јанис Адетокумбо и Стеф Кари.
Зад нив се Леброн Џејмс и Демијан Лилард, додека осми на оваа листа е српскиот ас, Никола Јокиќ.
Зад сите овие кошаркари се споменуваат имињата на Ентони Дејвис, Каваи Ленард, Расел Вестбрук, Џемал Мареј, Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, Крис Пол…
2021-22 NBA MVP odds are up at @DKSportsbook pic.twitter.com/3lnCXTLFKU
— Hardwood Paroxysm (@HPbasketball) July 14, 2021