Голем инцидент бил спречен во соблекувалната на ЛА Лејкерс, во петокот, по натпреварот со Голден стејт Вориорс.
Лејкерс беа поразени од Вориорс 101:115, а по мечот неколкумина од искусните играчи влегле во расправија со тренерот Лук Волтон.
38-годишниот тренер, син на легендата Бил Волтон, имал забележи за себичноста што во играта ја покажувале искусните кошаркари. Конкретно им се обратил на Ленс Стивенсон, Мајкл Бисли и Џавал Мекги.
Како што пишува „sports.yahoo.com“, ситуацијата била драматична откако малку фалело од вербалната расправија да се претвори во физичка.
Инаку, еден или двајца од играчите што му се спротивставиле на тренерот Волтон веројатно ќе го напуштат тимот доколку ЛА Лејкерси го договорат трејдот на Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс.