Репрезентативецот на Србија, Немања Бјелица, ќе го пропушти првиот меч на Сцетското првенство во Кина поради повреда.
Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ потврдил дека крилниот играч на Сакраменто Кингс имал проблеми со повредата на коленото. Според Ѓорѓевиќ бидејќи е почеток на првенството тој нема намера да ризикува со еден од своите клучни играчи.
„Доколку беше значаен меч, верувам дека сам ќе кажеше: ‘Сале морам да играм’, вака нема потреба да ризикуваме, ќе одиме од меч во меч“, рекол Ѓорѓевиќ.
Бјелица ги пропушти двете последни подготвителни средби што Србија ги одигра против Нов Зеланд и Франција.
Светското првенство во Кина започнува утре, а Србија од 9:30 часот ќе игра против Англоа.