Србија со високи 20 поени разлика (95:75) ја победи Финска во вториот подготвителен меч за Светското првенство во Кина, но селекторот Александар Ѓорѓевиќ воопшто не беше задоволен и побара неговиот тим да не „лета“ во облаци“.
„Имаме уште многу работи за менување, посебно околу пристапот и одговорноста кон играта во секој момент. Тие мораат да го сфатат тоа многу бргу. Оваа репрезентација без секој од нас освојуваше медали и трофеи и секој од нив мора да биде скромен, да го спушти задникот на земја и да се запраша што може да даде на тимот, а не што тимот може да му даде нему. Многу сум лут“, изјави Ѓорѓевиќ.
Србија за три дена ќе се тестира со Литванија, а два дена подоцна ќе гостува на истата репрезентација, по што следува настапот на силниот Акрополис куп во Грција каде што ќе играат со домаќините, Турција и Италија.