Српскиот кошаркар Никола Калиниќ (27) имаше многу мака поради истото име и презиме кое го носи хрватскиот фудбалер кој не се прослави на СП што ова лето се одржа во Русија.
Никола Калиниќ е српски кошаркар кој настапува за турски Фенербахче, а неговиот имењак Никола Калиниќ, хрватски фудбалер кој настапува за Атлетико Мадрид.
Поради несогласувањата со тренерот на Хрватска, фудбалерот беше експресно вратен во татковината и за него неславно заврши Мундијалот во Русија.
Поради забуна, цел на напади на социјалните мрежи бил српскиот кошаркар.
„Сите на Твитер ме пцуеја, мислеа дека сум тој. Отпрвин не знаев за што станува збор, затоа што не следам многу фудбал. Помислив дека сум згрешил нешто, но сепак не ги заслужував тие грди зборови“ – вели Калиниќ кој со Фенербахче ја освои Евролигата во 2017 година.
Кошаркарот вели дека не успевал да ги убеди фановите дека тој не е фудбалерот Калиниќ, а друштвените мрежи излегувале од контрола.
„Жалосно е да имаме толку моќ во своите раце, а само да ја користиме за гледање реални шоуа и да следиме спортски резултати. Па замислете Ајнштајн и Никола Тесла да го имале достапно сево ова, што би се случувало“ – вели Калиниќ.