Top Sport

„Стејплс центар“ го менува името по 22 години, за 700 милиони долари!

Кошаркарската сала „Стејплс центар“ во Лос Анџелес по 22 години ќе го промени името, пренесуваат американските медиуми. Новото име на салата ќе биде „Крипто“.

Популарниот сајт за криптовалути „Crypto.com” ќе плати 700 милиони долари и тоа ќе биде најголемиот спонзорски договор во историјата на спортот, наведува ЕСПН.

„Стејплс центар“ е отворен во октомври 1999 година, а името го носи по компанијата за канцелариска опрема и нивниот закуп траеше 20 години. Капацитетот на салата е 20.000 гледачи.

Официјалната промена на името ќе се случи на 25. Декември кога ЛА Лејкерс ќе играат на свој паркет против Бруклин Нетс, во „Божиќниот спектакл“.

Освен Лејкерси, во оваа сала игра и НБА тимот, ЛА Клиперс, НХЛ тимот Лос Анџелес Кингс и ВНБА тимот – ЛА Спаркс.

Scroll to Top