Top Sport

Стив Кер: Би му понудил НБА договор на Ѓоковиќ

Стев Кер, тренер на шампионскиот тим на Голден стејт Вориорс, ужива во натпреварите на последниот тениски гренд-слем во сезоната, Ју-Ес Опен. Присуството на Кер на трибините во Њујорк, го искористиле од официјалната страница на АТП-тур за да направат интервју со славниот кошаркарски тренер.

„Ѓоковиќ, Федерер и Надал се моите омилени играчи. Погледнето ја само ждрепката за машкиот дел од турнирот, ова е најдоброто што може да се види. Ова се некои од најдобрите тенисери на сите времиња. Омилен ми е Ѓоковиќ, Надал импонира со физичката подготвеност, а Федерер ме потсетува на Стеф Кари“, рекол Кер.

Минатата сезона, целиот тим на Вориорс, имал можност да се запознае со Федерер за време на одржувањето на мастерс турнирот во Шангај.

„Тоа беше неверојатно. Дрејмонд Грин го праша како му успева толку години да остане во врвот, бидејќи и ние се обидуваме тоа, а навистина е тешко. Роџер одговори едноставно, ни зборуваше за балансот што треба да постои помеѓу работата и семејството и за тоа колку го сака своето семејство и животот“.

На прашањето на кого од најдобрите светски тенисери би му понудил НБА договор, тој рекол.

„Ах, би се обидел со Ѓоковиќ. Мислам дека може секого да чува бидејќи добро се движи од едната на другата страна и мислам дека може да остане покрај секого. Би бил добар во контра нападите. Би сакал да го видам на кошаркарскиот терен“, дополнил Стив Кер, освојувач на три шампионски титули со Голден стејт Вориорс.

Scroll to Top