Top Sport

Стоктон со поддршка за Ирвинг: Кајри, многумина се со тебе!

Живата легенда на Јута Џез – Џон Стоктон испрати порака со поддршка до Кајри Ирвинг, кошаркарот на Бруклин Нетс кој ја жртвува сезоната, а можеби и кариерата затоа што одбива да се вакцинира против Ковид 19.

„Кајри, има многумина кои те поддржуваат. Многумина не можат да дојдат до тебе, а ни ти да дојдеш до нив, но има многу кои се со тебе. Само не се толку храбри како тебе. Горд сум на тебе што презема таков ризик и што си толку одважен во врска со она за што сметам дека е правилно“ – изјави 59-годишниот Стоктон кој е најдобриот асистент и најдобриот „крадец“ на топки во историјата на НБА лигата.

Иако никогаш не беше шампион, тој цела кариера ја помина во Јута. Двапати во финалните серии губеше од Чикаго Булс и Мајкл Џордан.

Scroll to Top