Top Sport

Страстите зовреа: Грин и Бил ќе се испотепаа (видео)

Петочните дуели во НБА лигата беа одбележани со инцидент во дуелот на Голден Стејт и Вашингтон во кој Дрејмонд Грин и Бредли Бил се испотепаа во првото полувреме и двајцата беа исфрлени од теренот.

Грин го блокираше Бил, по што кошаркарот на Вориорс го удри по лице ривалот при влечењето за позиција во рекетот. Крилото на Вориорс жестоко врати и и двајцата паднаа покрај кошот.

„Што треба да направиш кога некој двапати ќе те удри. Како дете те учат да не го дозволуваш тоа“, изјави бесниот Грин.

Шампионите изгледаа неубедливо на теренот, но стигнаа до 120:117 победа, враќајќи се од негатива од 10 поени во последната четвртина. Кевин Дурент имаше 31 поени и 11 скока, додека Стеф Кари уфрли 20 поени, но имаше само 3 погодени тројки од 13 обиди.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Атланта – Денвер 100:105

Минесота – Оклахома Сити 119:116

Шарлот – Хјустон 93:109

Орландо – Сан Антонио 114:87

Њујорк – Бруклин 107:86

Голден Стејт – Вашингтон 120:117

Л.А.Лејкерс – Торонто 92:101

Scroll to Top