Кошаркарите на Црвена Звезда ја забележаа втората победа во Евролигата. На дебито на тренерот Душко Ивановиќ, црвено-белите го победија Асвел со 71:67. Еден детаљ од самиот финиш на мечот е хит на социјалните мрежи. На видео кое кружи на интернет се гледа како свештеник му попречува на играч на францускиот тим кој изведува слободни фрлања и на тој начин им помага на црвено-белите да дојдат до победата.
Драматичен меч одиграа Црвена звзда и Асвел. Домашниот тим имаше 15 поени предност по првиот дел, но во последните четири минути Асвел влезе со предност од осум поени.
Во дрматичната завршница Недовиќ погоди на седум секунди до крајот за 69:67. Тренерот на Црвена звезда, реши неговите играчи да направат фаул, за да ги имаат последниот напад.
Ивс Понс ги промаши двете слободни фрлања. Во тие моменти пред него, во видното поле беше свештеникот кој на секој начин се обидув да му го оттргне вниманието и се чини дека успеа.
Bogu hvala. 🍻❤️😂 pic.twitter.com/khl3aoZh5R
— Dusan Jovanovic (@Veteran1970) November 17, 2022