„Гордоста на Израел“, кошаркарскиот клуб Макаби Тел Авив стигна до 14 победа во 20 сезонски натпревари во Евролигата откако вечерва на свој паркет славеа со 69-63 против Армани.
Макаби стигна до триумф пред 10.000 свои навивачи иако во целото прво полувреме губеше од „манекените“ од Милано. Импресивно делува серијата на Израелците кои не знаат за пораз на домашен паркет сезонава.
Најпрецизен во победничката екипа беше Скоти Вилбекин со 22 поени, а добра партија имаше и Отело Хантер со 14 поени и исто толку скокови.
Во екипата на Еторе Месина единствени со двоцифрен број поени беа Кифер Сајкс (11) и Немања Недовиќ (10).