Top Sport

Теодосиќ ќе добива убав кеш во Виртус Болоња?

Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ потпишал тригодишен договор со италијанскиот Виртус Болоња, јавува сајтот „Еурохупс“, со што се обврзал следната сезона да не игра во Евролигата, бидејќи италијанскиот клуб е актуелен шампион од Лигата на шампиони на ФИБА.

32-годишниот Теодосиќ беше ослободен од Лос Анџелес клиперс по неуспешната НБА-авантура, и за него беа заинтересирани повеќе клубови, како ЦСКА Москва, Макаби Тел Авив и Олимпијакос.

Според „Еурохупс“ во тригодишниот договор нема клаузула за прекин на договорот, но во исто време Србинот ќе стане еден од најдоброплатените кошаркари во Европа, а Виртус се надеваат на враќање во Евролигата во 2020/21. Инаку, тренер во Виртус е сонародникот на Теодосиќ, српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ.

Scroll to Top