Top Sport

Теодосиќ се врати, Клиперси победија

Милош Теодосиќ се врати во тимот на ЛА Клиперс по повеќенеделната пауза поради повреда и беше еден од најзаслужните за победата над Торонто Репторс 96:91.

Торонто имаше предност во поголемиот дел од натпреварот, но Клиперси направија пресврт во финишот.

Првата од клучните две тројки ја постигна „Мастер Џедај“ како што соиграчите го нарекуваат Теодосиќ.

Втората тројка српскиот плејмејкер ја погоди на помалку од минута до крајот на натпреварот. Интересно претходно Теодосиќ не погоди ниту една тројка од седум обиди.

Тој натпреварот го заврши со 12 поени и 7 скока. Кај Клиперси најистакнати поединци беа ДеАндре Џордан со 14 поени и 17 скока, односно Монтрезл Харел и Лу Вилијамс кои постигнаа по 17 поени.

„Дабл-дабл“ учинок кај Торонто оствари Јонас Валанчунас со 23 поени и 15 скока.

Клиперс ја прекинаа серијата од шест победи во која се наоѓаше тимот на Торонто.

Scroll to Top