Кошаркарот на Орландо Меџик Џонатан Ајзак на натпреварот против Сакраменто Кингс во последната четвртина доживеа тешка повреда. Ајзак го скинал предниот вкрстен лигамент во левото колено.
Ајзак во петокот го привлече вниманието на американската јавност видејќи беше првиот кошаркар кој одби да клекне на химната.
Крилниот кошаркар оваа сезона веќе пропуштил 31 натпревар, поради повредата на левото колено. Нова тешка повреда доживеа по само два натпревар откако се врати во тимот.
Поради тешката повреда тој веројатно ќе ја пропушти целата наредна сезона.
Поранешниот кошаркар на Флорида Стејт во 2017 година беше избран како седми пик на драфтот од страна на Орландо. Во кариерата има одиграно 135 натпревари, има просек од 9,4 поени и 5,5 скока по натпревар.