Top Sport

Тешки обвинувања од газдата на Панатинаикос

Сопственикот на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитирис Јанакопулос, повторно го кажа својот незгоден темперамент на натпревар во кошаркарската Евролига. Тој ги обвинил судиите дека се обиделе да го наместат мечот со градскиот ривал Олимпијакос, кој се играше во петокот и кој заврши со победа на Панатинаикос 93:80.

Панатинаикос одиграа одлично второ полувреме, во кое ја стигнаа и престигнаа предноста од седум кошеви што на полувремето ја имаше Олимпијакос.

За лошиот резултат на полувремето Јанакопуос ги обвинил судиите. Првично, беше објавено дека тој ги обвинил судиите дека го наместиле натпреварот. Потоа од Панатинаикос појасниле дека Јанакопулос не ги обвинил судиите за обложување, туку дека Олимпијакос се обидел да ги поткупи.

„Знаеме дека Олимпијакос им ветилепо 20.000 евра. И за Полјакот 20 илјади и За Италијанецот 20 илјади, чесен е само Шпанецот. Се ќе пријавиме кај Бартомеу“, им рекол Јанакопулос на судиите, кои инцидентот го пријавиле по завршувањето на натпреварот.

Дуелот Панатинаикос-Олимпијакос го судеа Патернико (Италија), Перес (Шпанија) и Замојски (Полска).

Scroll to Top