Top Sport

ТФТ доведе уште еден Американец

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на ТФТ Скопје, го официјализираше трансферот на американскиот кошаркар Тревор Јасински.

Тој доаѓа од холандскиот шампионат и тоа од екипата на Лимбург.

Јасински во ТФТ ќе го замени Ландриус Хортон кој замина во Шведска. Во тимот пристигнаа и Донован Доналдсон, Трент Батрик, Борјан Стојановски и Дамјан Крстевски.

Scroll to Top