Кошаркарите на ТФТ во првиот меч од Суперлигата, со пресврт во второто полувреме, го совладаа МЗТ Скопје Аеродром со 73:69. Заморот од финалниот турнир во АБА 2 лигата веројатно беше решавачки за исходот на овој натпревар.
МЗТ Скопје Аеродром обезбеди 11 поени предност по првиот период, а на полувреме замина со водство од 40:34. Сепак, во продолжението работите се променија.
По третата четвртина ТФТ најави желба за триумф и ја заокружи со предност од пет поени (58:53). Неизвесноста беше присутна до крајот.
Во последните две минути, прво заби Смит, за (70:66), а откако Мекиќ и Хортон разменија по еден поен од линијата за слободни фрлања, крилото на ТФТ ја завери победата.