Кошаркарот на Хјустон Рокетс – Џон Вол би можело да ја пропушти целата НБА сезона, објави познатиот американски новинар, Адријан Војнаровски.
Вол петпати настапуваше на Ол-стар, долго време беше еден од најдобрите плејмејкери во лигата, но се уште нема настап за „ракетите“.
31-годишниот кошаркар од Тексас беше трејдуван во декември минатата година, а сезонава се уште нема настап затоа што се испитува опцијата за размена на клубови.
Засега нема планови кога и дали таа одлука ќе се повлече, а неговиот договор е проблем за да може да замине во некој друг НБА клуб.
Кошаркарот кој 10 години помина во редовите на Вашингтон Визардс може да ја пропушти целата сезона. Договорот е потпишан во 2017 година, а годинава ќе си инкасира 44 милиони долари.
Договорот на Вол истекува идната сезона, па и за таа сезона му припаѓаат 47 милиони долари.
Последен пат на паркетот беше во април годинава, а во текот на минатата сезона имаше 20,6 поени, 3,2 скока и 6,9 асистенција во просек.
Рокетси сега имаат скор од 1 победа и дури 10 порази во лигата.