Top Sport

Томпсон ќе се откаже од 50 милиони само за да остане во Голден Стејт

Бекот на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон е подготвен да се откаже од 50 милиони долари само за да остане во клубот.

Според американските медиуми, Томпсон и Вориорс, преговараат околу продолжувањето на соработката. Иако медиумите шпекулираа дека Филаделфија е заинтересирана за овој играч, негова најголема желба била да остане во Голден Стејт.

Наводно, Томсон, доколку се пресметаат и веќе договорените 18,9 милиони долари за наредната сезона, од Голден Стејт, може да добие петгодишен договор „тежок“ 121 милиони долари.

Доколку играчот сочека да му истекне важечкиот договор и потпише нов по завршувањето на сезоната 2018/2019, тогаш би можел да добие петгодишен договор вреден 188 милиони долари.

Постои и варијанта тој да стане слободен играч и да добие договор од 139 милиони доалри за четири години.

Освојувачот на две титули со Голден Стејт, според шпекулациите, најмногу ја разгледувал опцијата за четиригодишен договор „тежок“ 92 милиони долари. Ова значи дека тој би се откажал од 50 милиони долари само за да остане во Голден Стејт Вориорс.

Доколку Вориорс ја договорат оваа соработка со Томпсон тогаш клубот ќе има доволно пари за да ги задржи Стеф Кари и Кевин Дурент.

Scroll to Top