Top Sport

Томпсон не е како Дурент, ќе остане во Голден стејт

Клеј Томпсон нема да тргне по стапките на Кевин Дурент, тој решил да остане во Голден стејт Вориорс.

Томпсон имаше опција во договорот да стане слободен агент, што ќе му овозможеше да преговара со други тимови, но тој решил да ја прифати понудата од својот тим Голден стејт.

Вориорс на еден од најдобрите шутери во лигата ќе му понудат максимален договор, односно тој ќе потпише пет годишен договор вреден 190 милиони долари.

Инаку, Топмсон, поради повреда на вкрстените лигаменти во десното колено, ќе пропушти најголем дел од новата сезона. Тој се повреди во текот на шестиот меч од финалната серија со Торонто Репторс, а по операцијата лекарите рекле дека надвор од кошаркарските терени ќе биде околу девет месеци.

Scroll to Top