Top Sport

Томпсон не е задоволен во Далас, сака да се врати дома

Клеј Томпсон наскоро би можел да ги напушти Далас Маверикс, пишуваат американските медиуми.

Како што се приближува рокот за размени, се очекува новиот менаџмент на Далас Маверикс да го истражи пазарот во врска со потенцијална размена на Клеј Томпсон.

Желбата на Томпсон е да игра за тим што се бори за титулата, велат извори од лигата, но 17-те милиони долари што треба да ги добија како плата следната сезона би можеле да го отежнат неговиот трансфер.

„Околностите се променија откако потпишав тука, мислам, очигледно на составот на тимот. Но, сè уште имаме многу талентиран тим и, на крајот на денот, играм за да победам, секогаш било така. Моите цели остануваат исти“, рече Клеј.

Томпсон е незадоволен од ситуацијата во Далас откако лесно се откажаа од Лука Дончиќ, а кој може да го обвини?

Кога Томпсон вели „составот“, тоа се однесува, се разбира, на фактот дека кога се согласил на тригодишен договор од 50 милиони долари и ги напуштил Голден Стејт Вориорс по 13 сезони за да се пресели во Далас, тој го сторил тоа во голема мера поради можноста да игра покрај Лука Дончиќ.

Томпсон одигра само 21 натпревар заедно со Дончиќ пред тогашниот генерален менаџер на Маверикс, Нико Харисон, шокантно да го ѕспрати Лука во Лос Анџелес Лејкерс, во замена за Ентони Дејвис.

Лука игра на ниво на МВП за тимот на Лејкерс, кој моментално е на третото место на Западот, а Далас страдаат пред сè од повредите на Кајри Ирвинг и Ентони Дејвис.

Затоа американските медиуми наведуваат дека Томпсон лесно би можел да биде на списокот на играчи што Голден Стејт Вориорс ги сакаат за да го засилат сегашниот тим, а веројатно Клеј нема да има ништо против повторно да игра со својот „брат“ Стеф Кари.

Клеј не е единствениот на списокот за заминување. Далас ќе го тестира и пазарот за Дианџело Расел, кого тренерот Џејсон Кид не го сака, но во случај на добри понуди ќе можат да си заминат и Даниел Гафорд и Ентони Дејвис.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');