Top Sport

Трамп се пофали: Да не бев јас, ќе заглавеа 10 години во затвор

Тројцата колеџ-кошаркари на УЦЛА, Лианџело Бол, Џејлен Хил и Коди Рајли пристигнаа на аеродромот во Лос Анџелес откако беа уапсени во Кина по кражба во продавница на „Луј Витон“, и американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е одговорен за нивното пуштање. Кошаркарите беа обвинети за крадење на скапи очила за сонце.

„Дали мислите дека тројцата кошаркари ќе се заблагодарат на претседателот Трамп? Ги чекаа 10 години затвор“, напиша Трамп на Твитер.

УЦЛА колеџот беше во Шангај за настап на Пац-12 отварањето на сезоната, во кое ги победија Џорџија Тек.

Лианџело Бол е брат на Лонзо Бол, дебитантот на Лос Анџелес лејкерс. Според кинеските медиуми, американскиот претседател „ургирал“ директно кај кинескиот претседател Кси Џинпинг.

„Тоа што го направија беше навистина несреќно. Се зборуваше за долги затворски казни, бидејќи кај кинеските власти нема шега со такви работи. Кинескиот претседател беше фантастичен во соработката и во решавањето на недоразбирањето“, изјави Трамп.

Американски кошаркари краделе во „Луј Витон“ во Кина

Scroll to Top