Кошаркското „Ел Класико“ убедливо им припадна на играчите на Барселона, кој го победија Реал 86:69.
Играчите на Барселона, одиграа брилијантно во последна четврина, поради што на карајот славеа со 17 поени разлика.
Дуелот во „Блауграна“ го обележа и малиот инцидент по завршувањето на првото полувреме, кога тренерот на Барселона Светислав Пешиќ тргна физички да се пресмета со играчот на Реал, Факундо Кампацо.
Да не направи поголема глупост Пешиќ беше спречен од центарот на Реал, Густаво Ајон и членовите на својот стручен штаб.
Las emociones, a flor de piel. ¡Esto es más que un partido, es el Clásico! #LigaEndesa
? En directo por @vamos pic.twitter.com/a7wXn5o26H— Liga Endesa (@ACBCOM) November 25, 2018
„Го почитувам Кампацо, еден е од најдобрите играчи во лигата, но се служи со провокации и трикови“, рекол Пешиќ по натпреварот.
Барселона по овој триумф се искачи на првата позиција во лигата со девет победи и еден пораз. По два порази во првите десет кола имаат Басконија, Реал и Уникаха.