Тренерот на кошаркарскиот гигант ЦСКА Москва, Димитрис Итудис (50) е заразен со коронавирус, потврдија од клубот.
Гркот ќе мора да се опоравува две недели, а олеснително во целата ситуација е што неговата сопруга и двете деца имаат негативни резултати.
Итудис изолацијата ќе ја помине во својот дом во Атина.
„Нашиот тренер е тестиран и е позитивен на коронавирусот. На Димитрис му посакуваме што побрзо да се опорави и да се врати во тимот, а на неговото семејство му посакуваме добро здравје“ – пишуваат од ЦСКА.
.@ItoudisD tested positive for COVID-19
Our team’s head coach is tested positive for COVID-19 today. His wife and daughter are tested negative.
We wish Dimitris to get well soon and get back to working with the team, we wish his family good health! pic.twitter.com/5DI1DmNThn
— CSKA Moscow (@cskabasket) August 7, 2020