Тренер на НБА тимот, Денвер, Мајк Мелоун смета дека центарот на неговата екипа, Србинот Никола Јокиќ е сериозен кандидат за титулата МВП на сезонава.
„Јокиќ е кандидат за МВП оваа сезона. Тој игра на високо ниво на секој натпревар и корисен е на многу начини. Тој е специјален кошаркар“ – вели Мелоун.
Јокиќ синоќа против Далас постигна 32 поени, со 16 скока и 4 асистенции.
Неговиот просек сезонава е 18 поени, 10 скока и над 7 асистенции по натпревар.
Nikola Jokic records a double-double of 32 PTS, 16 REB in the @nuggets 7th home win in a row! #MileHighBasketball pic.twitter.com/4DGsRSSyqV
— NBA (@NBA) December 19, 2018