Top Sport

Тренерот на Партизан: Исплашен сум од однесувањето на Србите, како да нема пандемија

Тренерот на кошаркарскиот тим на Партизан, Италијанецот Андреа Тринкиери признава дека е исплашен од однесувањето на луѓето во Србија за време на пандемијата на корона вирусот, откако минатата недела се врати во Белград.

„Во Италија поголем дел од времето го поминував дома, со децата и не ми беше многу тешко бидејќи внимававме. Во Италија сега е подобро, секој ден има помалку болни и починати, болниците се празнат. Тука… Не сакам да делам лекции, но малку сум исплашен. Тука е како ништо да не се случува и затоа мора да се биде повнимателен“, вели Тринкиери.

По тренингот на Партизан, тој призна дека му недостасува кошарката.

„Многу ми недостасува теренот. Полека се враќаме, момците се во одлична форма, никој не се здебели бидејќи работеле добро. Сега е важно да нема повреди бидејќи имаше три месеци пауза и ризикот е голем“, додава Италијанецот.

Scroll to Top