Top Sport

Тренерот на Вориорс инспириран од изјавата на Јирген Клоп

Тренерот на Голден стејт Вориорс, Стив Кер, бил исклучително задоволен од играта што ја прикажале неговите играчи во петтиот меч од полу-финалната серија против Хјустон.

Вориорс го добија мечот 104:99 и во серијата водат 3-2. Победата е важна бидејќи во последната четвртина не играше Кевин Дурент, кој во финишот на третиот период поради повреда излезе од теренот. Популарниот Кеј Ди е најдобриот играч на Вориорс во плеј-офот.

„Не знам дали следите фудбал. Ливерпул во вторникот ја победи Барселона. Беше тоа една од најголемите победи во историјата на таа лига. По мечот, тренерот Јирген Клоп, бидејќи децата веќе си биле легнати, можел да каже дека неговите играчи биле е…о добри. Знам како се чувствувал. Сега ќе и се извинам на мојата мајка која го гледа ова и ќе кажам дека и моите момци беа е…о добри“, рекол Кер.

Scroll to Top