Голден Стејт Вориорс ја освоија титулата во Западната конференцијата во НБА лигата и се пласираа во големото финале, каде против Кливленд Кавалирс ќе ја бранат титулата.
Вориорс, во решавачкит седми меч во Хјустон, славеа против Рокитс 101:92.
Актуелните шампиони натпреварот го решија во „нивната“ трета чевртина која ја решија во своја корист 33:15.
Претходно Хјустон подобро влезе во мечот, имаа домашните играчи пет поени предност по првиот период (24.19) и 11 поени повеќе од противникот по првото полувреме (54:43).
Третата четвртина, во НБА ја нарекуваат и „четвртина на Голден Стејт’. Дурент и Кари погодуваа од сите позиции, Грин успеа да ја „врзе“ одбраната, а треба да се истакнат и неколку сомнителни одлуки на штета на Хјустон.
Третиот период целосно ги скрши домашните играчи, а во Дурент успеа да погоди уште неколку важни шутеви и да го реши прашањето на победникот.
Токму Дурент со 34 поени и по пет скока и асистенции го предводеше Голден Стејт, а одличен меч одигра и Кари со 32 поени, девет скока, 10 асистенции.
Џејмс Харден со 32 поени беше најефикасен во домашниот тим, во чии редови го немаше повредениот Крис Пол. Харден одново имаше лош процент на реализиција, тој погоди само две тројки од 13 обиди. Покрај Харден и останатите од тимот беа лоши во шутот за три поени. Рокетс погодија само седум тројки од дури 44 обиди.
Голден Стејт за противник во финалето ќе го има Леброн Џејмс и кливленд Кавалирс. Ова ќе бид ечетвртотот финале на овие два тима во последните четири години.
Финалната серија ќе стартува во петок, домаќин на првите две средби ќе биде Голден Стејт.