Американскиот кошаркар, Си Џеј Мекалум изјави дека најмалку 150 НБА кошаркари живеат од плата до плата.
Мекалум кој сезонава настапува за Портланд, а воедно е и заменик – претседател на Унијата на играчи, заработува по 27.5 милиони долари, но смета дека сите играчи не се на тоа ниво.
„Мислам дека многу играчи се во големи проблеми, пред се оние кои живеат од `минималец`. Голем број на кошаркари им позајмуваат пари на пријатели или роднини, па сега се во незавидна состојба. Мислам дека од 450 играчи, барем 150 живеат од плата до плата. Парите кои ние ги заработуваме не му се достапни на нормалниот човек, но исто така и парите кои сопствениците ги имаат на своите сметки за мене не се нормални. Кога тие можат да платат повеќе луѓе како мене, може да замислите колку длабоки им се џебовите“ – рече Си Џеј Мекалум.