Три држави ја добија организацијата на Европското првенство во кошарка во 2025 година. ФУБА Европа објави дека групната фаза ќе се игра во Кипар и Финска, а завршницата во Летонија.
Првиот круг од квалификациите за пласман на шампионатот веќе започна, а конечниот список ќе биде познат во февруари 2025 година.
За шест месеци, од 1. до 18.септември, ќе се одигра ЕП кое лани беше одложено поради пандемијата на коронавирусот. Домаќини ќе бидат Германија, Грузија, Чешка и Италија.