Top Sport

Трилер во Денвер, Јокиќ и Мареј го решија Милвоки (Видео)

Драматичниот натпревар помеѓу Денвер Нагетс и Милвоки Бакс што мина во знакот на Никола Јокиќ од едната и Џабари паркер од другата страна, односно новите трипл-дабл оставрувања на Расел Вестбрук и Леброн Џејмс ја обележаа ноќта во НБА лигата.

Денвер успеа да победи против Милвоки 128:125, по едно продолжение. Дуелот во дополнителните пет минути го однесе Џамал Мареј кој погоди три слободни фрлања на пет секунди до крајот на регуларниот дле од игарата.

Денвер го предводеше Јокиќ со 35 поени, 13 скока и пет асистенции, а во чекот го следеа Пол Милсап со 27 и Мареј со 26 поени. На спротивната страна Јанис Адетокумбо беше скромен за неговите стандарди (18 поени, 12 скока, 6 асистенции), но блеснаа Паркер со 35 поени и 10 скока, односно Ерик Бледсо со 31 поен.

Кливленд дури во последниот период успеа да го скрши отпорот на Далас и да забележи триумф 98:87. Леброн Џејмс го забележа 16.трипл-дабл во сезоната (16 поени, 13 скока, 12 асистенции). Ист број на поени постигна Џордан Кларкстон, а Кевин Лав имаше 13 поени и исто толку скокови. Кај Далас се истакна поранешниот крилен играч на Голден Стејт, Херисон Барнс со 30 поени.

Оклахома победи во Њу Орлеанс и ја продолжи кризата на Пекликаните. Расел Вестбрук со 26 поени, 15 скока и 13 асистенции и Пол Џорџ со 27 поени ја предводеа Оклахома. Пеликаните го запишаа четвртиот пораз во низа и ја закомпликуваа борбата за осмото место на Западот. Ентони Дејвис со 25 поени и 11 скока го предводеше Њу Орлеанс.

Резултати:

Атланта Хокс-Орландо Меџик 94:88
Бруклин Нетс-Детроит Пистонс 96:108
Минесота Тимбервулвс-Јута Џез 97:121
Голден Стејт Вориорс-Феникс Санс 117:107
Портланд Трејблејзерс-Мемфис Гризлис 113:98
ЛА Лејкерс-Сакраменто Кингс 83:84

Scroll to Top