Top Sport

Тринкиери нема да биде селектор на Летонија

Тренерот на Партизан, Андреа Тринкијери ја демантира информацијата која ја објави специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“, дека постигнал договор со Кошаркарскиот сојуз на Летонија за преземање на националниот тим.

Летонците не успеаја да се пласираат на Светското првенство и сега се во потрага по селектор што ќе ги води во наредниот квалификациски циклус.

Тринкијери од 2013 до 2014 година бил селектор на Грција. Италијанецот од минатата сезона е тренер на Партизан од Белград. Претходно со голем успех го предводеше Бамберг.

„Требаше мене да ме контактираше така ќе ја добиевте потврда за информацијата. Тогаш веднаш ќе дознаевте дека тоа не е вистина“, напишал Тринкијери на „Твитер“.

Scroll to Top