Голден Стејт Вориорс забележаа триумф во дуелот со Кливленд Кавалирс 99:92 во дербито кое финалистите во последните три години во НБА лигата го одиграа за Божик во „Оракл арена“, во Оукленд.
Иако до крајот на регуларниот дел од сезоната има уште многу Голден Стејт и Кливленд одиграа вистински плејоф натпревар, во кој ниту еден од тимовите немаше предност поголема од девет поени.
Кливлендго котролираше резултатот во првото полувреме, имаше константна предност, а Вориорс прв пат стигнаа до предност на три минути до крајот на овој дел од играта 42:39.
Израмнето беше и во второто полувреме, Голден Стејт најчесто имаше предност но таа не беше поголема од шест поени. Играчите на Кливленд во мечот ги држеше шутот за три поени, бидејќи за два шутираа далеку под стандардите, само 29 отсто.
Во последните пет минути Дурент со тројка носи предност за Голден Стејт 90:81, но Кливленд одговори со серија 2:11 и во последните две минути тимовите влегоа со 92:92. До крајот Кливленд не успеа да поентира, а Томсон ги постигна сите седум поени за Голден Стејт.
Дрејмонд Грин забележа трипл-дабл (12 поени, 12 скока, 11 асистенции) и стана само шестиот играч во историјата кој на Божиќ имал двоцифрени бројки во три статистички категории.
Најефикасен кај Голден Стејт беше Кевин Дурент со 25 поени, 7 скока и 5 блокади, додека Клеј Томпсон постигна 24 поени (4/7 за три).
Кевин Лав го предводеше Кливленд со 31 поен и 18 скока, а Леброн Џејмс постигна 20 поени.