Top Sport

Црна Гора помина добро, пекол за Словенците и Хрватите

Извлечена е ждрепката за квалификациските турнири на кои ќе се водат битките за четирите места кои водат до Олимписките игри во Париз. Домаќини на турнирот ќе бидат Порторико, Шпанија, Грција и Летонија, а борбите за Париз ќе се водат од 2 до 7 јули.

На турнирот во Летонија ќе игра Црна Гора, а на турнирот во Грција, Словенија и Хрватска. За потсетување, две селекции од групите ќе се пласираат во полуфиналето, а на Олимписките игри одат само победниците на турнирот.

Слободно може да се каже дека Црна Гора имаше среќа во ждрепката, нема да биде лесно, но… Од друга страна, турнирот во Атина е убедливо најсилен кога се во прашање квалификациите за Париз.

Порторико (Сан Хуан): Група А: Литванија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска. Група Б: Порторико, Италија, Бахреин.

Летонија (Рига): Група А: Летонија, Грузија, Филипини. Група Б: Бразил, Црна Гора, Камерун.

Грција (Атина): Група А: Словенија, Нов Зеланд, Хрватска. Група Б: Грција, Доминиканска Република, Египет.

Шпанија (Валенсија): Група А: Шпанија, Либан, Ангола. Група Б: Полска, Финска, Бахамите.

За потсетување, на Олимписките игри веќе се пласираа селекциите на Србија, Франција, Германија, САД, Канада, Јужен Судан, Јапонија и Австралија.

Scroll to Top