Фајнал фор турнирот во Белград помина без никакви инциденти, организацијата беше одлична, а ниту еден од турските навивачи не се чувствувал под притисок, вели претседателот на Турската кошаркарска федерација, Ибрахим Еркан.
Фенербахче не успеа да ја одбрани титулата во Евролигата, откако во големото финале загуби од Реал Мадрид и Еркан во интервју за „Б92“ вели дека ќе имало поголеми мерки за обезбедување ако играле Звезда и Партизан.
Can #Fenerbahce come back on -8? The fans believe it??? #RealMadrid deserves more fans coming to Belgrade Arena #F4GLORY pic.twitter.com/38PEthe05B
— Informer (@nopasserat) May 20, 2018
„Навивачите кои доаѓаат на Фајнал фор никогаш не се агресивни и екстремни. Навивачите на Фенербахче се најбројни во однос на Жалгирис, ЦСКА или Реал, но немаше никакви ризици за инциденти. Навивачите на Реал немаа проблем со навивачите на другите тимови“, вели Еркан.
Тој додава дека Србите и Турците имаат ист темперамент – сите сакаа да бидат на мечот во живо.
„Двете земји имаат сличен менталитет околу спортот. Да играат Партизан или Звезда, знам дека цел Белград ќе сака да биде во ’Арената’. Така беше и во Истанбул лани“, додава Еркан.
I’ve seen some fans this weekend…
Fenerbahçe were going off before the @EuroLeague final tonight. pic.twitter.com/TGWaAtkWUn
— Callum McCarthy (@clmmcrthy) May 20, 2018