НБА тимот – Бруклин Нетс се отворени за позајмица на својот играч Кајри Ирвинг кој поради противењето да се вакцинира ќе ја препушти сезоната, или барем дел од неа, јавува доброупатениот новинар на „ЕСПН“м Адријан Војнаровски.
Ирвинг не сака да биде вакциниран, а правилата во Њујорк се што на невакцинирани им е забранет влез во салите.
Така да, за него сезоната е завршена само доколку Нетси не го пратат на позајмица во клуб кој е од град каде не се толку строги ковид-правилата.
„Речено ми е дека Нетси веќе примале понуди за Ирвинг иако самите се уште не побарале соработка со другите клубови, не побарале позајмица“ вели Војнаровски.
Ирвинг со Нетси има договор до летото 2023 година, но и излезна опција следната година. Во Бруклин дојде како слободен играч во 2019 година откако на тоа го наговори неговиот пријател Кевин Дурант.
Reporting on NBA Countdown on Ben Simmons and Kyrie Irving. pic.twitter.com/tBwxrljKZp
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) October 22, 2021