Капитенот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Роко ЛениУкиќ, по пауза од 16 години повторно ќе го носи дресот на Сплит. Укиќ пред неколку дена го раскина договорот со Цедевита Олимпија.
Укиќ со Сплит потпиша договор до крајот на сезоната, а како што објавија локалните медиуми, тој нема да добива плата, ќе добие одредени бонуси доколку Сплит освои некој од трофеите во Хрватска и доколку избори опстанок во АБА-лигата.
На промоцијата тој рекол дека не дошол со идеја да се пензионира на крајот од сезоната, иако веќе има 36 години.
„Не дојдов за да играм по десет минути, не дојдов само да помогнам, дојдов да бидам носител на играта. Немам во план да се пензионирам по завршувањето на сезоната, планирам наредното лето да играм за репрезентацијата. Тоа се моите планови“, рекол Укиќ.