Легендарниот кошаркар на Детроит Пистонс, Ајзеа Томас бил шокиран кога на една он лајн аукција го видел својот МВП трофеј од НБА Ол-стар мечот одигран во 1984 година.
Популарниот Зик тврди дека признанието му било украдено минатата година од средното училиште „Сент Џозеф“ Весчестер. Томас наградата ја подарил на училиштето, но минатата година била украдена од таму.
„Тој трофеј е украден од средното училиште „Сент Џозеф“ ноќта кога почина мојот тренер Пинтагор. Трофејот е мој, сакам да ми го вратите“ напиша Ајзеа Томас на Твитер.
Every starter in the 1984 NBA All Star Game has a bust in the HOF but one star shone above the rest that day in Denver, Isiah Thomas. His 21pts, 5rebs, 4 steals and 15 assists netted him this MVP trophy, but it will join one bidder's trophy case on Aug 29https://t.co/lJU1BQw47v pic.twitter.com/YkW5hE27gL
— Heritage Auctions Sports (@Heritage_Sport) August 10, 2020