Top Sport

Украдени се 500.000 евра од просториите на грчки Олимпијакос

Според пишувањата на грчките медиуми, кошаркарскиот клуб Олимпијакос е ограбен во деновите од викендот, во салата „Мир и Пријателство“ во Атина.

Недостасуваат околу 500.000 евра. Информациите протекоа дури вчера, а според изворите на полицијата, на вратите на просториите каде се наоѓале парите нема траги на насилство, а нити камерите не снимиле разбојници.

Тоа укажува дека можно е крадците да имаат помош од некој од внатре.

Оваа информација набрзо стана ударна вест во Грција, а скандалот се прошири и низ Европа.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');