Top Sport

УНИКС го отпуштија најдобриот играч

Рускиот кошаркарски клуб УНИКС од Казањ му врачи отказ на најодбриот играч Ерик Мекалум. Американецот две сезони го носеше дресот на УНИКС.

Мекалум минатат сезона беше избран во идеаниот тим на ВТБ лигата, а во Еврокупот го предводеше УНИКС со просек од 17 поени, 3,9 скока и 3 асистенции по натпревар.

32 годишниот бек во 2016 година го освои Еврокупот со Галатасарај, потоа се пресели во Анадолу Ефес, а во 2018 година стана играч на УНИКС.

Инаку Ерик е брат на НБА ѕвездата Си-Џеј Мекалум од Портланд Трејлблејзерс.

Scroll to Top