Top Sport

Уште два НБА клуба ги затворија тренинг-центрите поради коронавирусот

Екипата која имаше најдобар скор во НБА лигата, пред да дојде до прекинот на сезоната, поради пандемијата на коронавирусот – Милвоки Бакс одлучи да ги затвори објектите во кои досега тренираа играчите. На истиот чекор се одлучија и во Сакраменто Кингс.

Бакси и Кингси се одлучија на ваков чекор откако во петокот ги добија резултатите од тестирањата за Ковид 19. Тие сепак не објавија дали некој во нивните редови е позитивен на вирусот.

Од Милвоки соопштија дека нема повторно да ги отвараат салите пред заминувањето за Флорида, в четврток.

Од претходно, поради појава на коронавирус во екипите, салите за тренинг ги затворија Бруклин Нетс, Денвер Нагетс, Лос Анџелес Клиперс и Мајами Хит.

Сезоната во најсилната кошаркарска лига во светот би требало да продолжи на 30 овој месец во „Disney World“ крај Орландо.

Scroll to Top