Американскиот кошаркар Тејлор Смит (27) потпиша договор со Морнар од Бар. Смит во црногорскиот тим доаѓа од Нантер.
Смит прв пат во Европа пристигнал во 2013 година. Во кариерата играл за Колосос, Равена и Гравлен. Во Еврокупот имал просек од 8,8 поени и 5,4 скока по натпревар. Дефанзивата е неговиот најголем квалитет во играта.
Браќата Павиќевиќ формираат силен тим за наредната сезона, пред Смит договорите со Морнар ги продолжија Дерик Нидам, Џејкоб Пулен и Ајзеа Вајтхед.