Црвена звезда во најскоро време ќе се засили на плејмејкерската позиција. Како што објави специјализираниот кошаркарски сајт „Спортандо“, блиску до трансфер во Црвена звезда е играчот на Мега Бемакс, Дилан Енис (25).
Според истиот извор, трансферот наскоро ќе биде реалзиран, а Мега ќе добие и обесштетување од продажбата на овој играч. Црвена звезда бара поддршка за првиот плејмејкер Тејлор Рочести, откако младиот Никола Радичевиќ не ги оправда очекувањата.
Наводно за Енис биле заинтересирани и неколку екипи од Шпанија, но тој решил да замине во екипа која игра во Евролигата.