Top Sport

Уште едно „НЕ“ в лице на Грег Попович

Уште еден отказ и уште една грижа за Грег Попович. На само 48 часа пред првиот собир на кошаркарите на САД на подготовките за Мундобаскетот во Кина што започнува на последниот ден од месецов, на селекторот „НЕ“ му кажа и Џулиус Рендл кој од ова лето е нов кошаркар на Њујорк Никс.

Пред Рендл, настапот за кошаркарската селекција на САД на Мундијалот го откажаа Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Ерик Гордон, Пол Милсап, Бредли Бил, Тобајас Херис, Си Џеј Меколум, Демијан Лилард, Кевин Лав, Андре Драмонд и Монтрез Херел.

Многу помалку звучни имиња останаа на списокот на репрезентативци кои утре во Лас Вегас треба да ги започнат подготовките. Од оние кои се очекува да бидат удар игла на Американците на СП се Кајл Лаури, Кемба Вокер, Кајл Кузма, Донован Мичел, Џејлен Браун и Пи Џеј Такер.

Scroll to Top