Оклахома сити Тандер, во дуелот на најлошите екипи на Западот, забележаа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 117:112. Овој натпревар, дури по неговото завршување го привлече вниманието на кошаркарската јавност.
Виновникот е бекот на Тандер, Џош Гидеј. Младиот Австралиец, одигра натпревар каков што НБА не видела 50 години.
Гидеј забележа дабл-дабл без постигнат поен. Го промаши сите осум одиби од поле, во статистката запиша по 10 скока и асистенции.
Норм ван Лијер, во 1971 година, како играч на Синсинати Ројалс, денешни Сакраменто Кингс, забележал дабл-дабл со нула поени.