Ванеса Брајант, вдовицата на Коби Брајант, поднела тужба против канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес поради неовластеното фотографирање на телото на легендарниот кошаркар и нејзината 13 годишна ќерка Џијана.
Коби Брајант, неговата ќерка и уште девет други лица загинаа во хеликоптерска несреќа. Полицајците кои биле на местото на каде што се урнал хеликоптерот ги фотографирале јагленисаните тела, а потоа фотографиите им ги делеле на други лица.
„Осуммина полицајци го фотографирале и снимале местото на несреќата. Потоа фотографиите на мртвите деца и нивните родители ги користеле во приватни цели“, пишуваат американските медиуми.
Полицајците веќе биле суспендирани и веројатно ќе добијат откази.