Top Sport

„Веѓата“ нема да игра на Светското првенство

Ентони Дејвис нема да настапи за репрезентацијата на САД на Светското првенство во Кина.

Најдобриот центар во НБА-лигата, пред неколку недели стана играч на Лос Анџелес Лејкерс. За него Лејкерс во Њу Орлеанс испратија половина од составот што ја заврши минатата сезона.

Според американските медиуми, Дејвис, сакал максимално добро да се подготви за новата сезона, поради што се повлекол од националниот тим. Информацијата ја потврдил и неговиот менаџер.

Дејвис има златни медали со репрезентацијата од Олимписките игри во 2012 и Светското првенство во 2014 година.

Под водство на селекторот Грег Попович, Американците подготовките за настап на Светското првенство ќе ги започнат за две недели.

Scroll to Top