Голден стејт Вориорс доживеаја шокантен пораз во Мајами. Вориорс беа поразени 126:125 со „лудиот“ погодок“ на Двејн Вејд со звукот на сирената.
Ветеранот Вејд, кој заминува в пензија по завршувањето на сезоната, успеа да погоди од една нога, со помош на таблата. Ди-Вејд натпреварот го заврши со 25 поени, 7 скока и 3 асистенции.
D-WADE CIRCUS SHOT GAME-WINNER pic.twitter.com/vpxtBTGN7A
— gifdsports (@gifdsports) February 28, 2019
Најефикасен во редовите на Мајами Хит беше Горан Драгиќ. Словенецот за само 20 минути успеа да постигне 27 поени.
Кај Вориорс се истакнаа Клеј Томпсон со 36 поени (7 тројки), Кевин Дурент со 29 и Стеф Кари со 24 поени.